Охридските кошаркари успешно под будното на кондициониот тренер Коста Хиохи ја минаа првата фаза од подготовките за престојните предизвици во националниот шампионат и Втората АБА лига.
На тренинзите од „галебите“ на менито се тактичкиот и техничкиот дел, кој се воигрува во жестоко темпо. Сите играчи се здрави и даваат максимум.
– Успешно ја минавме првата фаза од трите во подготовките за новата сезона. Првиот дел од подготовките е најважен, затоа што се подоцна што се тренира и вежба се темели на физичката подготвеност. Повредите ги заобоколија играчите што е многу важно и даваа максимум во двата тренинзи кои ги имавме на ден. – рече Хиохи.
Кошаркарскиот клуб АВ Охрид за подобра контрола на играчите донесе и Полар систем тим, кој ги следи сите промени на срцето, физичката подготвеност и се друго кај играчите.
– Имаме целосна контрола над играчите и во секој момент имаме можност да видиме со каква сила и со каков капацитет располага. Ова се светски методи и добро е што ние располагаме со такви средства. – додаде тренерот задолжен за физичката подговеност.
Охриѓани финалнта форма за почетокот на новата сезона ќе ја брусат во Хрватска каде ќе престојуваат недела дена.
Мх.П.