Топлиот празничен мајски ден многумина го искористија за прошетка на отворено и посета на некое од многуте излетнички места покрај ривиерата.
Вообичаено голем дел од гостите кои престојуваат во Охрид се упатија кон познатото светилиште Св. Наум каде денеска вриеше од посетители.
Сончевото време гостите го искористија и за прошетка по Охридското Езеро и познатите извори во Св. Наум.
Св. Наум магнет за гостите
Г.М./Н.С.Ј.