Доколку синоќа го набљудувавте небото, сигурно уживавте во Супер розовата месечина, која сјаеше над Охрид.
Синоќа можеше да се види најголемата Супер месечина во оваа година. На изгревањето таа беше во вообичаените бои.
Околу 4 часот утрото Супер месечината над Охрид беше најголема и посјајна од обично и токму овој феномен кој го забележа објективот на Анамарија Момироска, се нарекува Розова месечина.
Овој необичен природен феномен се случува кога месечината е најблиску во Земјата.
OhridNews
Фото: А. Момироска