Во 88-та минута Пелистер преку Христијан Драгарски успеа да ја погоди мрежата на Игор Павловиќ, но првиот асисент на Александар Ставрев, Марјан Кировски го поништи за наводен офсајд. Неговата грешка е видлива и избраниците на охридскиот стратег Драган Бочевски остана барем без еден бод во „вечната“ пресметка.

Погодокот за Пелистер го постигнува фудбалерот, кој е зад живиот ѕид (6), а погледнете каде се наоѓаат играчите со број 26 и 24 во црвено-црни дресови.

Залудна беше радостат на „белите“ по изедначувачкиот погодок, кој беше поништен поради офсајд ситуација…

…а и протестите кон Кировски на фудбалерите од Пелистер, кој со шок неверување ја прифатија неговата одлука.

 

Мх.П.