Судиите асистенти во македонскиот фудбал ја потврдија физичката подготвеност пред почетокот на сезоната во Првата и Втората македонска фудбалска лига успешнп поминувајќи ги фитнес проверките на теренот со вештачка трева во Охрид.

Помеѓу 64-те судии асистенти едиствен охриѓанец е Жарко Тодоровски, кој заедно со колегите од Струга и оваа сезоната ќе бидат репрезенти на својот град. Претходно, сите од асистенската листа имаа тестирање кое беше будно следено од специјалниот гостин од членот на УЕФА, Алан Снуди.

Утре (сабота) на физички проверки ќе бидат изложени судиите од главната листа, исто на теренот со вештачка трева на СРЦ „Билјанини Извори“.

Новата сезона во македонскиот фудбал започнува на 12 август со мечевите од првата рунда во Првата лига.

Мх.П.