Синонимот за убавина и професионалност, студио „SKILL, hair & make up“, кое шест години ги разубавува дамите во Охрид, од сега ќе работи во нов, модерно уреден простор кој се наоѓа во населба „Христо Узунов“, кај базата на такси „Мерцедес“, веднаш до продавница „Лебед“.
Новиот салон на студио „SKILL, hair & make up“, беше отворен синоќа со стил и дружба со блиските, пријателите и верни клиенти.
Сите овие години доверба и лојалност ми значат. Се ова е благодарение на вас. – истакна на малата свеченост сопственичката на студио „SKILL, hair & make up“, Ангела Танкоска.
И во новиот салон студио „SKILL, hair & make up“ ќе нуди услуги со врвен квалитет по кои ова име е препознатливo, како надградба на коса со кератин (турска, индиска и руска коса), „tape in“ надградба, бојадисување со бои од најпознати брендови како „Мounir“, „Wella“ (koleston), „Revlon“, „Iinebrya“ и други.
Во студио „SKILL, hair & make up“ нијансирање по ваша желба во сите популарни техники како ‘ombre’, ‘balayage’, шатирање…
Освен потшишување студиото нуди и пакети за фенирање, фризури за свечености, шминка, депилација на лице, голем број третмани за коса како кератински третман за исправување на косата, ботокс третман, третман за мрсна коса, третман со матични клетки за сува и оштетена коса и други услуги кои се тренд во современото живеење. Во салонот има и продавница со професионални производи за коса за домашна употреба.
Студио „SKILL, hair & make up“ од сега во нов, модерен салон во населба „Христо Узунов“
Работното време на студио „SKILL, hair & make up“ е од 09:00 до 19:00 часот од понеделник до сабота, додека недела е резервирана исклучиво за фризури за свечености и шминка.
Следете ги профилите на „Skill“ на Инстаграм и Фејсбук и редовно информирајте се за понудата и новитетите на „hair & make up“ студиото кое повеќе од шест години ужива доверба на бројни задоволни клиенти.
OhridNews/PR
Фото: Анамарија Момироска