Стружанецот Никола Костески е дел од селекцијата на Македонија која во Охрид ќе одработи шестдневни подготовки во рамките од неделата на ЕХФ.

Костески за кого ова е прв повик во сениорската селекција го пополна местото од Гоце Георгивски, кој се повреди на дуелот со Колдинг во осминафиналето од Лигата на Шампиони.

Со повикот во селекцијата Костески само ја зголеми струшката колонија која е најбројна во репрезентацијата.

Мх.П.