Стружанецот Горан Димитриовски е ново засилување на ракометниот клуб Охрид. Се работи за искусен ракометар, кој во охридските редови доаѓа како слободен агент и настапува на десната бековска позиција.


– Искусен играч, кој треба да ни помогне во нападот каде што имаме евидентен проблем. Ќе направиме напори да ги средиме сите административни работи за да може да настапи уште в сабота против Преспа во десеттата рунда од Супер лигата – рече тренерот на Охрид, Горан Андоновски.


Димитриовски, кој речиси има настапувано за сите клубови во Македонија треба да го зголеми квалитетот и опциите во нападот, кој е најслабата алка во првата полусезона од Супер лигата.

Мх.П.