Екипата на Струга Трим Лум имаше успешна генералката пред почетокот на пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига победувајќи го битолски Пелистер со 2-0 (0-0) на тест средбата во Охрид.

По израмнетиот прв дел, во продолжението до израз дојде квалитетот на екипата на Јетон Беќири и со головите на Валентин Кочоски и Абдулхади Јахја, стружани дојдоа до победата.

Струшките „црвено бели“ следниот викенд против тимот на Работнички ги зпаочнуваат мечевите во фудбалска елита, додека битолчани ќе продолжат со подготовките бидејќи натпреварите во второлигашката конкуренција започнуваат две недели подоцна.

Утре (понеделник), со мечот помеѓу Лабуништа – Победа завршува мини фудбалскиот маратон кој започна со вчерашниот натпревар Охрид – Кораб 0-1.

OhridNews