Излетувањето на Себастијан Фетел од патеката го одбележа вториот ден од тестирањата на болидите во Барселона во пресрет на почетокот на новата сезона во Формула 1 шампионатот.
Пилотот на Ферари директно се заби во бариерите покрај патеката, а од тимот информираат дека се работи за механички проблем. Германецот веднаш бил префрлен во болница, а откако му биле извршени потребните медицински прегледи се вратил во базата на Ферари.
Trackside footage of Vettel's crash, Can clearly see the mechanical problem, he just goes into the barriers.
Thankfully he is Fine!
Video: SergioGarciaErv#F1Testing #Seb5 #F1 pic.twitter.com/D6bXfCejWl
— Scuderia Ferrari F1 News (@UpdatesFerrari) February 27, 2019
Новата сезона во Ф1 циркузот започнува на 17 март со трката во Мелбурн за големата награда на Австралија. Титулата ќе ја брани Луис Хамилтон.
OhridNews