Стотици дечиња зедоа учество во големата Бадникова прошетка низ улиците на Охрид, што се одржа ден пред големиот христијански празник Божиќ.
Со ѕвезди во рацете тие ќе ја пееја возобновената христијанска песна „Вечниот Бог” заедно со пејачот Ѓоко Танески и виолинистката Сања Здјелер, кои ја предводеа долгата и реасепана колона.
Поворката утрово тргна од црквата ,,Св. великомаченик Георгиј” – Горна Влашка Мала и се движеше низ ул. „Јане Сандански“, булевар „Туристичка“ и охридската чаршија, по што околу пладне пристигна на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“.
Кај бадниковата пештера коледарчињата ги пречека градоначалникот Кирил Пецаков, заедно со советниците од Советот на Општина Охрид и директорите на охридските јавни претпријатија кои ги даруваа малите бадникари со пригодни подароци.
Бадник на овој начин се одбележува 11 години.
Г.М./Н.С.Ј.