На денот на ослободувањето на Охрид, 7-ми Ноември, вредни јубилеи одбележаа повеќе претпријатија и медиумски куќи. Во опуштена, но работна атмосфера колегите од Радио Охрид, денеска одбележаа 51 година од постоењето. На коктелот што се одржа во просториите на најстарата медиумска куќа во градот присуствуваа бројни колеги, пратеници, политички и други јавни личности, претставници на локалната самоуправа. На свеченоста сопственикот на Радио Охрид, и на компанијата АМАК СП, Венко Шапкар ја пресече роденденската торта, а вработените му се заблагодарија со икона со ликот на заштитникот на Охрид, Св. Климент Охридски.
Јубилеј денеска одбележа и ЈП „Охридски Комуналец“ кое слави 62 години од постоењето. На свеченоста што се одржа во хотелот „Ривиера“, беше промовиран проектот за управување со комуналниот отпад на подрачјето на општината.
Свечено денеска беше и во јавната установа, детска градинка „Јасна Ристеска“, која одбележува 45 години од постоењето. По тој повод општината на градинката „Развигорче“ и подари комплет озвучување.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com