Специјалистичкиот стоматолошки центар за ортодонција, имплантологија и естетска медицинa на лице „Д-р Мојсоска“ 20 години успешно се грижи за оралното здравје на пациентите.

Своите почетоци Центарот кој сега се наоѓа на улицата „Димитар Влахов“ бр. 38-1/1 (спроти зградата на Општина Охрид) ги има во 2004 година како Ординација за општа стоматологија. Низ годините напредува и се развива, прераснувајќи во Специјалистички центар чиј заштитен знак е високиот квалитет на услуги во областа на денталната и естетската медицина.

Успешната приказна пред две децении ја започнува Д-р Ана Мојсоска Влакевска. Во 2007 година на ординацијата и се приклучува Д-р Марија Мојсоска Апостолова. Заедно создаваат успешен тим кој континуирано се доедуцира, надградува и ги подобрува услугите на задоволство на бројните пациенти.

Д-р Ана во 2008 година ја започна својата специјализација, а во 2011 година веќе започнува со работа како специјалист ортодонт. Во 2015 година, јас станувам специјалист по орална хирургија. Сите овие години дополнително се надоградуваме со знаење и модрена технологија со цел пациентите да добијат што поквалитетна услуга. Дел од нашата приказнана е и пет годишното постоење на подружницата во струшкото село Октиси, каде создадовме многу убави насмевки. Поради семејни обврски тој оддел се затвори и се фокусиравме на развојот на Специјалистичкиот центар во Охрид каде делуваме со две ординации при што нудиме широк спектар на услуги, од рутински стоматолошки процедури до напредни специјалистички стоматолошки и естетски третмани, вели Д-р Марија Мојсоска Апостолова.

Ортодонцијата и оралната хирургија со имплантологија, пародонтопатија и решавање на комплексни случаи, но и нехируршки-естетски процедури се изведуваат на високо професионално ниво. Во делот на ортодонцијата пациентите имаат можност да изберат различни видови на фиксни протези, од класични метални, порцелански или сафирни (прозирни), до самолигирачки фиксни протези со кои се постигнуваат и побрзи резултати. Aligners се нов современ ортодонтски третман со кој веќе неколку години успешно се постигнуваат прекрасни насмевки.

Во Центарот освен рутинските стоматолошки процедури, поставување на фиксни протези и орално-хируршки процедури, особено внимение им се посветува на комплексните случаи, при што со взаемна соработка помеѓу двете стоматолошки гранки, го олеснуваме никнувањето на импактираните (заглавени) заби со т.н хируршко-ортодонски третман, посочуваат од Денталниот центар за ортодонција, имплантологија и естетска медицинa на лице „Д-р Мојсоска“.

Исто така, друг комплексен Ортодонтско-имплантолошкиот третман, пак, се применува во ситуации кога на пациентот му недостасуваат заби, а околните заби се поместени од својата природна позиција. По корекцијата на забниот лак и загризот, се вградуваат имплантите кои обезбедуваат трајна и стабилна замена за загубените заби.

Во услугите кои се нудат се и вградувањето на дентални импланти со кои се обезбедува замена за изгубени или оштетени заби. Тука се вбројуваат и високо-естетски порцелански ламинати, метална и безметална керамика, како и мобилните протези, додаваат од Центарот кој дваесет години чекори по патеката на успехот.

Покрај услугите од ортодонција и имплантологија, пациентите можат да изберат и некоја од нехируршко-естетските процедури, како пополнување на брчки со филери, ботокс и аптос конци.

Користиме доста квалитетни типови на филери со кои имаме навистина убави резултати. Ботоксот е еден тип на процедура која ни дава посвеж изглед за минимизирање на брчките. Лифтингот на лицето со аптос конци е нов тренд во светската нехируршка естетика на лице. Во естетскиот дел го работиме и PRP-третманот, биоревитализацијата, како и мезотерапијата, вели Д-р Марија Мојсоска Апостолова.

Двете ординации кои функционираат во Центарот за ортодонцијата и оралната хирургија, имаат склучено договор со Фондот за здравство и во тој дел остваруваат успешна соработката со матичните стоматолози во Охрид.

Работиме претежно со пациенти од Охрид, но и од регионот, државата, како и од Европа, Америка и Австралија. Од неодамна се насочивме и кон развој на денталниот туризам со пациенти од Албанија, Грција, како и од поранешните Југословенски држави. Тоа што можеме да го понудиме на нашите пациенти е целосна и комплетна рехабилитација на нивното забало и убава насмевка, вели Д-р Ана Мојсоска Влакевска.

Д-р Ана и Д-р Марија се согласни дека ќе продолжат со усовршување на нивните специјалности, но планираат и развој на Центарот и негово проширување како во делот на ординациите, така и во поглед на услугите.

20 годишниот јубилеј Специјалистичкиот стоматолошки центар за ортодонција, имплантологија и естетска медицинa на лице „Д-р Мојсоска“ го прослави на пригодна свеченост во кафе барот „Мост“ на која присуствуваа бројни соработници и пријатели.

Фото галерија:

Стоматолошкиот центар „Д-р Мојсоска“ одбележа 20 години постоење

Н.С.Ј.

фото. А. Момироска