Еден гледач припаднак на навивачката група “Комити“ на средина од вториот дел од европското ракометно дерби во Лигата на шампиони помеѓу Вардар и Металург, фрли столче на теренот по што следуваше прекин и бурна реакција од клупата на тимот од Автокоманда.
Ситуацијата веднаш се смири, но несовесниот навивач ја расипа ракометната идила, која траеше десет дена во Македонија.
Македонскиот првак ќе се соочи со висока парична казна за пропустот, а во зависност од ЕХФ „црвено црните“ може следните натпревари дома да ги играат без публика.
Фото : „Р.К. Металург“
Мх.П.