Покрај секојдневните прошетки и туристички разгледи на знаменитостите низ градот, дел од туристите кои одмараат во Охрид, го користат сончевото време и за уживање на плажа.
Од фотографиите кои ги направивме во текот на изминатиот викенд на плажата „Потпеш“ покажуваат дека освен за сончање, плажите се неизбежно место за забава на децата, но и за шетање и релаксација.
Според прогнозите на хидометеролозите, во текот на денешниот ден се очекува наоблачување со услови за локални врнежи од дожд, а најавено е и благо опаѓање на температурите.
OhridNews