Во присуство на голем број членови и гости, меѓу нив и почесниот конзул на Република Србија во Република Македонија со седиште во Охрид, м-р Михајло Филев и градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, српската заедница во Охрид, со пригодна свеченост го одбележа православниот празник „Св. Сава“.
Со богата трпеза, песна и веселба, православните Срби од Охрид на достоинствен начин му одадоа чест на овој светец.
Претседателот на Здружението на Срби „Коштана“ од Охрид, Среќко Стојановиќ, истакна дека и годинава продолжува убавата традиција што српската заедница ја негува во Охрид на овој празник.
Како и секоја година традицонално го одбележуваме денот Св. Сава, бидејќи тоа е денот на здружението на Срби „Коштана“ од Охрид и во таа чест се собираме тука. Традицонална прослава со славски колач, печеница и свеќи, а предвидена е и културна програма. Св. Сава е голем православец, посебно за Србите лично. Основач е на Српската патријаршија и во Србија се слави како Ден на образованието, истакна Стојановиќ.
Празникот Св. Сава секогаш се чествува благодарение на македонските институции и поддршката, истакна почесниот конзул на Република Србија во Република Македонија со седиште во Охрид, м-р Михајло Филев.
Имаме можност да го чествуваме овој празник кој е посветен на многу значаен светец за целиот христијански православен свет. Во Охрид ова е традиција на здружението „Коштана“ и српската заедница, а јас како почесен конзул нанзачен пред три години почнав активно да ја одбележуваме манифестацијата заедно со српската заендица и да придонесеме за една културна, верска, морална, етничка поврзаност и чествување на сите наши празници, бидејќи српскиот и македонскиот народ се најблиски, најбратските народи кои тоа го докажале низ вековите. Тоа го гледаме и во денешно време, а во иднина ќе бидат уште позабрзани нашите соработки на државно ниво. Тоа го прави и самиот народ, бидејќи народната безрезервна љубов го прави тоа политиката и билатералните односи ни се на највисоко ниво и се помагаме на секое поле, во едно време кога македонскиот народ и Македонија е негирана од сите други соседи, истакна Филев.
Посочи дека согласно со уставот и законите на Република Македонија кои и ги дава на српската зедница се користат сите бенефиции и услови, додавајќи дека и во иднина ќе продлжи соработката со здружението „Коштана“ од Охрид.
Инаку, Здружението „Коштана“ од Охрид брои околу 150 членови.
Српската заедница во Охрид со пригодна свеченост го одбележа празникот „Св. Сава“
Н.С.Ј.
фото. А. Момироска