Третото издание на најголемата спортска манифестација во градот, Охрид трчаТ имаше спектакуларен почеток. На Ноќната трка која се одржа вечерва учествуваа стотици охриѓани и гости, а атмосферата кулминираше со настапите на Ди-џејот Ванчо Јованоски, групата Броз и Никола Тони Перкашен. Целиот позитивен амбиент беше заокружен со огномет и “баклијада” на навивачката група “Рибари”.

Програмата на атлетскиот викенд продолжува утре (сабота) со експото и панел дискусијата на која ќе учествуваат директорите од трките на Дубровник, Скопје, Бања Лука и Мостар. Главниот настан ќе се одржи в недела претпладне, а на стартот од двете трки ќе се појават над 1 500 учесници.

Фото: Анамарија Момироска