Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите, сите за Спорт“, Македонскиот олимписки комитет (МОК) и Основното училиште Христо Узунов приредија спектакулaрен Олимипски ден во Охрид.

Основците од Христо Узунов под петте магични кругови се натпреваруваа во девет спортови меѓу кои теквондо, карате, гимнастика, алпинизам, атлетика, фудбал, пинг понг, кошарка и ракомет.


Почесни гости на Олимпискиот ден во О.У. Христо Узунов беа првиот човек на МОК, Васил Тупурковски и првата потврдена учесничка на Олимписките игри, охриѓанката Нина Балабан.

– На последниот ден од секои Олимписки игри првиот човек на Олимпскиот комитет ги оценува како најдобри и најдобро организирани игри до тогаш. Јас како прв човек на МОК ја имам таа чест да го прогласам овој Олимписки ден за најдобар, најспектакуларен и најдобро одржан некогаш во Македонија. Со учество на ваков ден учениците на Христо Узунов се дел од Олимпијадата која најголемиот спортски настан во светски рамки. Убавите впечатоци од Охрид ќе ги пренесам прво во МОК, а потоа во центарлниот комитет. Уште една им благодарам на охриѓани за маестрално организираниот Олимписки ден. – рече Тупурковски.


Стрелачката Балабан на официјално преставување беше поздравена и наградена со громогласен аплауз. – Најпрво да им се заблогадарам на моите сограѓани за пречекот кои ми го приредија. Нема поубаво чувство да се биде потврден Олимпиец, но исто нема и да се биде дел од вакви настани каде можат многу дечиња да се видат насмеани и среќни.


Порака до сите дечиња учесници на Олимпискиот ден упати градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. – Општина Охрид во изминативе години прерасна во партнер на спортови во Охрид. Им благодарам на МОК и на сите учесници на овој настан кои тоа го препознаа и одлучија овој Олимписки ден да се одржи во Охрид. Ние како Општина секогаш ќе го подржуваме спортот и секогаш ќе бидеме верна сенка на охридскиот спорт. Овој момент ќе го искористам да и посакам многу среќа на Нина Балабан во која цврсто веруваме во добар резултат и одлична престава на Олимписките игри во Рио.


Успешно организираниот Олимписки ден во Христо Узунов на Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите, сите за Спорт“ е најава за неколку настани кои следуваат во летниот период.

Михаил Постоловски