Кајчиња, глисери и бродови полни со публика од вода го следат концерот на Владимир Четкар и неговиот секстет на плажата Лабино со кој започна манифестацијата „Бело лето“.
Амбиентот од кој запира здив изгледа уште попривлечно на прекрасното езерско зајдисонце.
– Ова е една многу убава идеја. Да се направи концерт на Лабино е навистина чекор напред од стандардните размислувања, бидејќи тоа е место кое го знаеме како едно од најволшебните во Охрид. Концертот ќе биде терапија за сите кои се под стрес, со музика и уметност да ја излечиме напнатоста. изјави Владимир Четкар.
Исто така вечерва, во 21 часот, во предворјето на црквата Св.Софи белградскиот театар „Славија“, ќе ја изведе познатата претстава „Коштана“.
– Секогаш ми е задоволство да дојдам во Охрид, веќе сум настапувала на „Охридско лето“ со претставата „Цигани летаат на небо“ и морам да признам дека тоа ми е еден од најубавите настапи во кариерата. Игравме на Античкиот театар, сите бевме на сцена, пеевме од срце, а заедно со нас и публиката. Ако 50% од тоа доживеам вечерва ќе бидам пресреќна, вели српската актерка Весна Паштровиќ.
Манифестацијата „Бело лето“ во организација на локалната самоуправа годинава се одржува по петти пат.
OhridNews