По неколкуте врнежливи денови вчера Охрид конечно го огреа и малку сонце. Иако времето и температурите се далеку од вообичаените за овој период од годината, тоа беше доволно охриѓани и туристите да ги посетат плажите на ривиерата. Дел од нив се релаксираа во прекрасниот амбиент на плажата „Куба Либре“. Едни уживаа во “муабетот “со кафе и освежителни пијалаци, а други во јулското сонце и езерските води. Метеоролозите за оваа недела најавуваат повеќе сонце и пораст на температурите, што ќе донесе и повеќе гости на охридските плажи.


Сонцето ги живна плажите

OhridNews