Одморалиштето на Црвениот крст во Струга во изминатите два дена беше домаќин на регионалната средба на општинските организации на Синдикатот за образование, наука и култура – СОНК, на која   учество зедоа претставници на училиштата од Прилеп, Крушево, Битола, Ресен, Демир Хисар, Кичево, Охрид, Дебар и домаќинот Струга.

Во работниот дел се одржаа работилници на повеке теми од областа на образованието, со анализа на  реализацијата на програмата за синдикалната активност, а воедно беше пригодно одбележан и денот на СОНК.


          
Во спортско рекреативниот дел, екипи од ОО на СОНК, се натпреваруваа во фудбал, одбојка, кошарка, пикадо, шах и риболов. Победниците ќе земат учество на Републичките средби, кои ќе се одржат на 14.07.2009 год. Средбата заврши со пригодна свеченост на која беа доделени плакети и признанија на најдобрите екипи и поединци.


СОНК работеше и рекреираше во Струга


Ohridnews