Сончевото и пријатно време го раздвижи Охрид. Убавиот ден многумина го искористија за прошетка на чист воздух, а страстните риболовци не пропуштија можност да ги фрлат јадиците во каналот Студенчишта.

На спортските терени се играше фудбал, додека шеталиштата беа преполни со рекреативци кои уживаа во февруарското сонце кое ја разбуди и природата.

И наредната седмица не очекува сончево и суво време со натпросечни температури за овој период од годината. Утринската ќе се движи во интервал од -2 до 6 степени, а дневната помеѓу 12 и 21 степен.

Г.М.