Топлото и сончево време денес добредојдено за охриѓани и гостите да излезат на прошетка покрај езеро, да посетат некои од културно-историските знаменитости на градот, но и да си помуабетат во некое од кафулињата низ охридската чаршија.
Пријатното време и температурата која достигнува до 14 степени, по низата врнежливи денови, се чини дека никого не остави рамнодушен да ја искористи можноста за уживање во топлите сончеви зраци.
Релативно топлото време ќе се задржи и во текот на утрешниот ден. Според најавите од Управата за хидрометеролошки работи локални врнежи од дожд повторно ќе има во попладневните и вечерните часови во среда и во петок. Во сабота ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.
Фото: Сончевиот Охрид раздвижен во ноември
Н.С.Ј.
фото. Б. Стојаноски