Првиот февруарски сончев ден го развижи Охрид. Охриѓани го искористија топлото време за прошетка на кејот покрај езерото, а раздвижено е и низ чаршијата и угостителските објекти.

За денес и покрај минусните утрински температури, дневната се очекува да достигне и до 8 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеролошки работи утре времето ќе биде променливо облачно и ќе дува засилен ветер (и над 60 км/час) од северен правец. Потоа следува период на стабилно и суво време со пораст на температурите.

Значително потопло ќе биде времето во недела и на почетокот од следната седмица.

OhridNews