Фаќачот на светиот крст на Водици во Охрид, Мартин Гоџо, ја предводеше тајфата од црквата Св. Никола Геракомија до Сараиште, каде и денеска охриѓани традиционално се капеа во студените езерски води за здравје.
За Денот на рибарите кој се одбележува на празникот Св. Јован, на Сараиште се собра броен народ. Греана ракија, вино и добра музика за што се погрижи Охридскиот музички еснаф го кренаа располежението меѓу присутните кои уживаа во убавиот празничен ден.
Настанот кулминираше со традиционалното капење во студените езерски води. За здравје и среќа.
За многу години!
Со зимско капење завршија Богојавленските чествувања во Охрид
Г.М.
Фото: А. Момироска