Традиционалното дефиле на фолклорните ансамбли го најави почетокот на 54-от „Балкански фестивал на народни песни и игри“, кој официјално беше отворен синоќа, со свеченост што се одржа на летната сцена „Долни сарај“.
Фестивалот за отворен го прогласи претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељаноски, по што следуваше настап на ансамблот за народни игри и песни на Македонија „ Танец“.
Годинава на „Балкански фестивал“ ќе настапат ансамбли од Хрватска, Турција, Полска, Канада, Србија, Унгарија, Северен Кипар, Бугарија и од Македонија .
Фестивалските вечери започнуваат во 21 часот, а влезот е бесплатен.
Комплетната понуда на фестивалот може да ја најдете во специјализираната рубрика на OhridNews „Што, Кога, Каде“.
OhridNews
Фотo: Емил Јовановиќ