Во почесниот конзулат на Р. Србија во Охрид, денеска се одржа книжевно читање во рамки на манифестацијата „Денови на српска книжевност во Македонија“. Свои дела читаа писатели од Република Србија и Република Македонија, меѓу кои и истакнатиот охридски поет Славе Ѓорго Димоски чии дела се преведувани на српски јазик. Тој се претстави со македонска поезија од неговата најнова книга „Грозје од кукавица“.

Писаталите остварија средба со почесниот конзул на Р. Србија во Охрид Михајло Филев, кој го истакна значењето на книжевноста во поврзувањето на двата народи.

На овој начин ги зацврстуваме врските помеѓу двете земји, а нема подобар начин за тоа од книгата и пишаниот збор. Вие сте фела која ја чува нашата историја и култура и сте најцврстиот столб во нашето поврзување, истакна почесниот српски конзул Михајло Филев.

Во рамки на настанот учесниците посетија дел од културно – историските знаменитости на Охрид.

Со поетско читање во Охрид продолжија Деновите на српска книжевност во Македонија

Г.М.
Фото: А. Момироска