Во присуство на голем број членови и гости, меѓу кои беа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, в.д. градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, претседателката на советот Живка Ангелоска и претставници на локалната самоуправа, јавниот и политичкиот живот во градот, Српската заедница во Охрид, денеска, по 12-ти пат со пригодна свеченост го одбележа православниот празник „Св. Сава“. Со богата трпеза песна и веселба, православните Срби од Охрид на достоинствен начин му одадоа чест на овој светец.
Традиционалната манифестација се одржа во ресторанот „Белведере“. Пригодна реч одржаа претседателот на Српското друштво „Коштана“ од Охрид Среќко Стојановиќ кој се осврна на убавата традиција што српската заедница ја негува во Охрид на овој празник, како и членот на здружението Зоран Цветковиќ, кој зборуваше за ликот и делата на светецот Сава.