Еден од најпрепознатливите охридски угостителски брендови, „Cuba Libre“, синоќа, одбележa 13 години од постоењето.

Роденденската забава на позната плажа ја разубави балканската ,музичка атракција „Cubalcanica“. Егзотичната кубанска музика не ги остави рамнодушни посетителите на преполната плажа „Cuba Libre“ кои танцуваа долго во ноќта во ритамот на салсата, румбата и другите латиноамерикански стилови.

„Cuba Libre“ со години е омилено место на охриѓани и туристите. Дел од овој бренд се познатата плажа и ноќниот клуб „Хавана“ во центарот на градот.


Незаборавна забава за 13-от роденден на „Cuba Libre“

OhridNews
фото:„МЕГА продукција“