Со забава на култниот латино бенд “Cubalcanica”, еден од најпрепознатливите угостителски брендови во Охрид, “Cuba Libre”, синоќа, го прослави 18-от роденден.
Connecting with Cuba Libre (promo video)
Connecting with CUBA LIBRE adventure promo videoPromotional video for Cuba Libre Beach, Ohrid, Lake Ohrid, paragliding, rib boat, Restaurant Drim at Black Drim springs in St. Naum.Video by 2S Studio (www.2sstudio.mk)
Geplaatst door Cuba Libre Beach op woensdag 27 juli 2016
На забавата исполнета со жешки латино танци и многу позитивна енергија, присуствуваа голем број гости. Дел од нив емотивно поврзани со малиот ноќен клуб во стариот дел на Охрид кој во 2000 година ја започна успешната приказна на “Cuba Libre”, која продолжи со плажата “Cuba Libre” во 2008 година, а подоцна и со ноќниот клуб “Havana” во центарот на Охрид и ресторанот „Дрим“ во Свети Наум.
И ова лето “Cuba Libre” подготвува извонредна забавна програма за посетителите кои ќе може да уживаат во квалитетна понуда која полни 18 години е заштитен знак на овој угостителски бренд.
Фото галерија:
фото: Анамарија Момироска
Со голема латино забава “Cuba Libre” прослави полнолетство
OhridNews
фото: Анамарија Момироска