Снежниот Охрид денес се капе во сонце. Во убавото време уживаат и белите лебеди и останатите птици кои го надополнуваат прекрасниот зимски амбиент.

Сончевото време со умерена облачност ќе има и во наредните денови, но со ниски утрински температури кои ќе бидат негативни.

Според најавите од Управата за хидрометеролошки работи во четврток ќе има локални врнежи со слаб интензитет, а температурите во деновите потоа ќе бидат во постепен пораст. Ќе дува засилен северен ветер.

OhridNews