Снегот кој изминатата ноќ паѓаше во Охрид донесе многу радост во Охрид. Особено кај најмладите, но подеднакво во прошетката низ снежниот град уживаа и повозрасните. Раздвижено беше во центарот на Охрид, на кејот и шеталиштата покрај Езерото. Снегот не беше пречка да се излезе на воздух и со велосипеди.
Идиличната атмосфера од белиот Охрид ја забележа нашиот фотограф Анамарија Момироска.
Снегот ги израдува охриѓани и ги извади од домовите
OhridNews
Фото: А. Момироска