Охридската хотелска и угостителска понуда е побогата за уште еден нов, супер модерен и концептуално уреден капацитет, хотелот „Sky Corner“. Сместен во центарот на градот на аголот од крстосницата кај „Охридска банка“, „Sky Corner“ нуди поинаков поглед на градот, а понудата е квалитативен исчекор на охридската ривиера.

Хотелот е модерно дизајниран, со внимателно одбрани елементи и детали. Освен сместувачкиот дел, „Sky Corner“  располага со прекрасен бар – клуб на две нивоа на самиот покрив од објектот од каде се пружа уникатен поглед на крајезерскиот дел од градот и калето. Освен пијалаци и коктели, тука ќе најдете и врвни специјалитети, подготвени од светски гастрономи, внимателно послужени од обучен персонал.

Забавата во „Sky Corner“, според најавите на менеџментот, ќе биде внимателно конципирана, а понудата  во одредени сегменти квалитативно ќе се разликува од таа на локалната сцена.

Отворањето на хотелот „Sky Corner“ се случи изминатиот викенд, во присуство на голем број гости.

Аирлија!

Фото Галерија:

OhridNews