Синоќа на небото можеше да се види природниот феномен познат како „Сина Месечина“, што се случува на секои две и пол години.

Месечината всушност не беше сина, бидејќи станува збор за израз што се користи кога полната Месечина во еден календарски месец ќе се појави двапати.

Последен пат оваа појава е забележана во 2011 година, а се предвидува следен пат Месечината да „посини“ во 2015 година.

OhridNews