Женскиот ракометен клуб Лихнид имаше успешен почеток на втората полусезона во Младинската лига, откако на домашен терен во СРЦ „Билјанини Извори“ со 21-16 (12-7) го совладаа составот на Гевгелија.
Тимската игра во двата правци ги одведе „китовите“ до трата победа сезонава во Младинската лига. Одбраната добро го отвори мечот, а нападот со голови уште на стартот од мечот обезбеди предноста од шест голови (6-0).
Продолжението од натпреварот беше чиста рутина за охридските ракометарки кои предноста најпрво ја задржаа до финишот на првиот дел, а и во текот на второто полувреме.
Најпрецизна во составот на Лихнид беше Викторија Алексиоска со пет голови, а по два пати мрежата ја затресија Мендувие Далипоска, Драгана Усовиќ, Мила Ложанкоска, Кристина Костеска, Јана Ангелоска, Николина Угриноска, Марија Петреска и Јована Софковска.
Во следната рунда Лихнид гостува во Скопје кај тимот на Металург.
OhridNews