Неодговорен граѓанин истурил шут во национакниот парк Галичица, во непосредна близина на управната зграда на паркот. Случајот е забележан од вработените во националната установа, кои ја известиле комуналната инспекција, која веднаш излегла на терен.

Неодговорниот граѓанин покрај градежен шут во заштитената зона на паркот се ослободил и од покуќнина, а меѓу отпадот има и голем број документи и сметки, по што надлежната инспекција презема мерки за пронаоѓање на евентуачниот сторител.

Фрлањето отпад во природа воопшто, како и во заштитени подрачја е казниво по закон. За жал посочената не е единствена дива депонија во националниот парк Галичица, каде со години се истура најразличен цврст отпад кој ја нагрдува, уништува и и’ штети на животната средина.

OhridNews