Шест планинари испишаа нова историја во македонско планинарство поминувајќи ја успешно трансверзалата на Корабскиот масив долга 50-километри. Планинарите со трансверзалата почнаа од селото Жировница а завршија на караулата Победа. Потребни им беа три денови да ја исполнат мисијата.

  • Се движеевме по највисоките, најизолираните и најопасните врвови во Македонија. Искачивме 15 врвови и 5 000 метри висинска разлика. Имавме две ноќевање во шатори со тотално исклучување од цивилизација. Изгрејсонцето беше фантастично и убавите погледи ни даваа мотив да се движиме со засилено темпо. – изјави Крумислав Јововски еден од планинарите.

Тој додаде дека за успешно помината трансверзала треба физичката и психичката подготвеност да биде на максимално ниво. Човекот да биде подготвен на се и сешто бидејќи работите на планината не можат да се предвиват.

Најголема трансверзала во Македонија е „Љуботен-Охрид“ долга 225 километри која планинари од цела Македонија ја поминуваат на почетокот од јули месец.

OhridNews