Кошаркарите на АВ Охрид не го намалуваат интензитетот на тренинзите покрај обезбедениот пласман во Првата лига. Титулата во второлигашкото друштво не ги опушти „галебите“ кои во исти ритам се подготвуваат за последниот меч со Радовиш.
Натпреварот со Радовиш на кој охридскиот тим официјално ќе биде одликуван за шампион во Втората лига ќе започне во сабота во 18 часот.
OhridNews