Се сеќавате на Ѓоко Сучкоски, 13 годишното момче од Охрид со амбиција да заплови во манекенските води, за кое пишувавме пред неколку месеци? Неговата кариера иако е во зародиш, одлично напредува, а потврда за тоа е неговата фото сесија за странската агенција S.N.O.B. направена на охридското кале. Ѓоко е задоволен од квалитетот на фото сесијата, на која се претставени и убавините на Охрид. Тој ни откри дека интерес за него пројавиле и други агенции од странство, а ние се надеваме дека еден ден Ѓоко ќе го видиме на светските писти.
OhridNews
Ѓоко има тринаесет години, а веќе е манекен