Меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски продолжува со пренуркување на Охридското Езеро.
Како што веќе информиравме, тој вчера заедно со нуркачи од Нуркачкиот клуб „ДРАГОЈ“ од Поградец официјално го направија првото нуркање во Охридското Езеро на територија на Р.Албанија.
-Условите за нуркање се отежнати имајќи предвид дека се нурка на температура на вода од 7 степени, а многу пати и во ограничена видливост. – вели Секулоски.
Секулоски е убеден дека овој проект ќе се реализира успешно за што уште еднаш упати јавна благодарност до генералниот спонзор АД Пелистерка, Општина Охрид и Скубапро, додавајќи дека одредени проблем кои ќе се јавуваат за време на пренуркувањето тековно ќе се решаваат.
Проектот за пренуркување на Охридското Езеро Милутин Секулоски го започна на 28 феввруари. Предвидено е тој да ги пренурка 80-те километри крајбрежен дел за 3-4 месеци.
OhridNews