Лидерот на табелата во Втората македонска фудбалска лига-запад Струга Трим Лум и тетовскиот прволигаш Ренова забележаа победи на контролните мечеви против Гоблен Јуниор односно Гостивар кои го одиграа нво Охрид.

Струшките „црвено бели“ првата победа во подготвителните тест средби  ја остварија после минималниот триумф 1-0 над Гоблен Јуниор, додека „гипсарите“ до втората победа стигнаа со доминатна игра во текот на целиот меч со Гостивар (4-0). Првата победа избраниците на Никола Илиески-Џиџи ја запишаа во петокот кога со 4-2 го совладаа албанскиот состав Деволи.

Фото галерија од мечот Ренова – Гостивар.
Фото галерија од мечот Струга Трим Лум – Гоблен Јуниор.

Контролните средби во Охрид ќе продолжат во петок со меѓусебна пресметка Ренова – Струга Трим Лум.

OhridNews