Изборната трка наметна жестоко темпо не само за партиите, туку и за медиумите кои во изминатите триесетина дена неуморно ги следеа случувањата во изборната кампања. Така беше и соноќа кога дел од нив беа во штабот на СДСМ, а дел во штабот на ВМРО ДПМНЕ. Ја уловивме работната атмосфера во штабовите. Покрај навременото пренесување на информациите за промена во изборните резултати кои им ги сервираа партиите, новинарите успеаа малку и да се опуштат и меѓусебно да се охрабрат да издржат уште еден напорен ден. Избори не се случуваат секој ден па затоа и направија фотографија за спомен во ОИШ на ВМРО ДПМНЕ.
годините во новинарството не се пречка туку предност
И покрај кризата радио Охрид професионално ги одработи и овие избори
Мирко, Билјана и Соња сумираат изборни резултати
Заедно сме посилни
работна атмосфера и во ОИШ на СДСМ
снимателите на НТВ, Телма и Алфа на стенд бај