Невреме проследено со обилни врнежи од дожд ноќва го зафати Охрид. Поројниот дожд проследен со грмотевици донесе разладување за десетина степени. Силните врнежи ја намалија и видливоста поради што на моменти и отежнато се одвиваше сообраќајот, а повремено доаѓаше и до прекин во снабдувањето со електрична енергија во одредени реони во градот. Според најавите на синоптичарите облачно време со врнежи од дожд ќе преовладува во текот на целиот ден.


Силниот дожд го отежна сообраќајот по охридските улици

OhridNews