Со црковна церемонија што започна утрово, се осветува црквата Св. Никола во село Вишни, струшко.

Црквата е отпочната да се гради во 1999 година, а комплетно е завршена во 2007 година од семејството Трповски и со помош на граѓаните.

Изградена е на место каде претходно постоела стара црква, во соработка со Дебарско- кичевската епархија.

Претходно имало неколку датуми определени за да биде осветена, но поради одредени причини црквата се осветува токму денес на овој голем празник Св. Петка.

Црквата Св. Никола во село Вишни ја освети Отец Васко Голабоски, парохиски свештеник.

Голем број верници од Охрид и Струга се присутни на овој свет чин.

Н.С.Ј./Г.М.