Екипата на Сатеска го освои трофејот во Општинскиот куп. Во финалето кое се одигра на СРЦ „Билјанини Извори“ фудбалерите на Сатеска ја совладаа Воска со 4-1.
Тимот на Воска на средината од првото полувреме не искористи удар од белата точка при резултат 0-0. Сатеска ги казни сурово постигнувајќи два погодоци. До крајот на првиот дел Воска се консолидираше и постигна погодок кој им ги врати надежите за поволен исход. Во второто полувреме Сатеска со два погодоци во мрежата на Воска ја осигура победата и титулата во Општинскиот куп.
Со освојувањето на трофејот Сатеска се стекна со полно право за учество во Купот на Македонија следната сезона, а фудбалерите добија поединечни честитки од градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески кој го следеше мечот од трибините.
Фото галерија:
Сатеска со трофејот од Општинскиот куп.
OhridNews