Екипата на Сатеска триумфираше во Општинскиот куп откако на „Атина Бојаџи“ со 4-3 ја совлада Дебрца во финалниот натпревар.
Со победата во Купот од Општинската фудбалска лига Сатеска обезбеди учество во 1/16 финалето од Купот на Македонија следната сезона.
Дебрца поведе со 1-0, а Сатеска со три погодоци во првиот дел комплетно го сврте резултатот во своја полза.
Во второто полувреме Сатеска погоди уште еднаш за 4-1, а Дебрца со два погодоци намали на 4-3, но не успеа да се избори за реми.
Финалниот натпревар од Купот е најава за бараж мечевите кои се играат викендов на охридскиот стадион.
Мх.П.