Голем број маскирани емширчиња денеска продефилираа низ Велгошти на традиционалниот маскенбал за празникот Прочка.
Самовили, супер херои и ликови од детските фантазии ги раздвижија улиците низ велгошките маала.
За учесниците организаторот обезбеди скромни подароци кои на учесниците им ги доделија градоначалникот Кирил Пецаков и претседателот на градскиот совет Сашо Донев.
Г.М.