Охридските ракометари в сабота со почеток во 18 часот во спортската арена „Билјанини Извори“ ќе го одиграат мечот со Куманово од петтата рунда во ракометната Супер лига.


Избраниците на тренерот Горан Андоновски немаат победа забележано три меча, а натпреварот со Куманово е одлична можност за прекинување на таа серија.


– Само победа ние во мислите и ништо друго. Пак ќе повторам со помош од публиката да стигнеме до вториот триумф во Супер лигата. Ни треба нивната поддршка бидејќи нема нешто поубаво кога се игра ракомет пред полни трибини – рече охридскиот стратег.

По четири одиграни натпревари ракометниот клуб Охрид се наоѓа на шестата позиција со четири бодови додека Куманов без бодови на последното место во Супер лигата.

Мх.П.