Асот на Јувентус Кристијано Роналдо, одлучи да не прифаќа никакви фудбалски предизвици, како жонглирање со тоалетна хартија и покажување на вештините во текот на задолжителниот карантин, туку слободното време да го помине вежбајќи со своите најблиски. Резулатите се неверојатни! Најдобриот португалски фудбалер изгледа „ѕверски“, на сликата која ја постираше една од неговите сестри.
Роналдо, кој е голем љубител на здравиот живот, обожава да „скокне“ до фитнес центрите после натпреварите и да направи неколку вежби се со цел неговото тело и физичката подготвеност да бидат на високо ниво.
OhridNews