Репрезентативците на Македонија во весела и опуштена атмосфера го одржаа првиот тренинг на “Филип Втори“. “Рисовите“ под будното око на селекторот Чедомир Јаневски ја започнаа мисијата наречена Белгија. Репрезентативците се оптимисти, а селекторот Јаневски уште еднаш повика да не се крева еуфорија.


– Не се потребни многу зборови да се опише селекцијата на Белгија составена од фудбалери кои доаѓаат од Премиер лигата. Но како и тие, така и ние си имаме свои адути, кои досега ни носат одлични резултати. Тимскиот дух пред се ни е најважен во селекцијата, тој е оној што секогаш носи резултати – рече голманот Пачовски.


Квалитетите и нивниот стил на игра најдобро ги познава Иван Тричковски, кој ги брани боите на клуб Бриж во Белгија.



– Селекцијата на Белгија е фаворит, но ние пред преполн стадион каков што ќе биде в петок “Филип Втори“ можеме сешто да направиме –
порача Тричковски.


Натпреварот од петтата рунда од мундијалските квалификации се игра в петок на 22 март со почеток 20:45 часот.

Мх.П.
фото : “Екипа.мк“